Суперлигашите потврдија, ќе биде пеколна и силна сезона

Екипите кои си обезбедија место во новата Супер лига која е проширена го потврдија својот настап, па натпреварувањето ќе стартува со 14 екипи плус Вардар и Еурофарм Пелистер кои ќе се придружат напролет во плеј-офот.

Сите тимови кои си имаа место го почитуваа рокот така што сега може да се очекува само ждрепката и да се види како ќе изгледаат групите од по седум состави во кои ќе се води битка за пласман во плеј-оф лигата каде што ќе има место за најдобрите три од едната и од другата група.

Според ова покрај Вардар и Еурофарм Пелистер во новата сезона во Супер машката лига ќе играат: Металург, Охрид, Пролет, Бутел Скопје, Радовиш, Еурофарм Пелистер 2, Струга, Работнички, Астраион, Прилеп, Јуниор Кисела Вода, ГРК Тиквеш, КЛ 7 и Младост Богданци.