Суперлигашите обединети во акција, голема поддршка за продавачите на „Лице в лице“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во изминатите денови ракометарите на осум екипи од Супер машката лига од кои седум ќе се натпреваруваат во плеј-оф лигата се најдоа рамо до рамо со продавачите на „Лице в лице“ и беа голема поддршка за нив.

Ракометарите учествуваа во оваа акција која беше под слоганот „Биди фит-вежбај го умот“ и помогнаа во одбележувањето на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат.

Акцијата беше планирана првично во три града и се очекуваше да се одржи во Скопје, Прилеп и Струга, но наиде на голема поддршка и кај други тимови, па беше проширена и во Битола и во Охрид.

Оттаму во акцијата се најдоа: Кристијан Дисингер (Вардар), Ненад Костески, Дејан Кукуловски и Матео Мараш (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов, Златко Хорват и Момир Рниќ (Металург), Михајло Младеновиќ и Никола Даниловски (Охрид), Горан Печенковски, Бојан Спасовски и Јовица Младеновски (Бутел Скопје), Дејан Пецаковски и Михаил Аларов (Пролет), Никола Цветановски, Петар Марковски и Вук Лакичевиќ (Струга), Хари Павлов, Христи Биковски и Хазеин Рустамов (Прилеп).

Суперлигашите во акција при продажба на „Лице в лице“

Во изминатите денови ракометарите на осум екипи од Супер машката лига од кои седум ќе се натпреваруваат во плеј-оф лигата се најдоа рамо до рамо со продавачите на „Лице в лице“ и беа голема поддршка за нив. Во акцијата се најдоа: Кристијан Дисингер (Вардар), Ненад Костески, Дејан Кукуловски и Матео Мараш (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов, Златко Хорват и Момир Рниќ (Металург), Михајло Младеновиќ и Никола Даниловски (Охрид), Горан Печенковски, Бојан Спасовски и Јовица Младеновски (Бутел Скопје), Дејан Пецаковски и Михаил Аларов (Пролет), Никола Цветановски, Петар Марковски и Вук Лакичевиќ (Струга), Хари Павлов, Христи Биковски и Хазеин Рустамов (Прилеп).

Оваа акција беше спроведена само со претставници на ракометните клубови, но идејата е да се вклучат и претставници на други спортови.

Инаку, „Лице в лице“ е улично списание кое излегува од септември во 2012 година. Продавачи се ранливи сограѓани, кои се обучени за продажба, а пола од сумата на истото (чини 100 денари) едиректна заработувачка за продавачот.  Во изминатите денови се виде дека ракометарите се и одлични поддржувачи така што оваа акција наиде на позитивен одзив и секако е за поздравување.