„Судиите не ни дозволија да одиграме фер натпревар“

Ракометарите на Вардар одиграа одличен натпревар во 4. коло од Лигата на шампионите, а паузата очигледно влијаела позитивно. Со 31:26 го надиграа досега несовладаниот Флензбург и на тој начин му го нанесоа првиот пораз на тимот од Германија.

Тренерот Макула вели дека покрај лошата игра на неговиот тим, и судиите му кумувале на поразот.

„Честитки за Вардар за оваа победа. Не сум задоволен со перформансите на мојот тим, не го реалзииравме тоа што се договоривме пред мечот. Потоа наоѓавме подобри решенија во нападот, но не и во одбраната. Обично не зборувам за судиите, но денеска ќе зборувам за нив. Сите видоа што се случи вечерва, ние немавме шанси да одиграме фер натпревар“, изјави Макула.

Вардар во следниот меч ќе игра на домашен терен против Порто.