Стружанка победнички на гостувањето кај Ѓорче Петров

Во второто коло од Женската лига ракометарките на Стружанка имаа победничко гостување во Скопје кај Ѓорче Петров. Тие беа поуспешни од домашниот тим со 24:15.

Во неефикасен натпревар Ѓорче Петров постигна само шест гола во првиот дел и веќе голема негатива по првите 30 минути што на крајот се покажа како недистижна  во продолжението.

Стружанка имаше контрола на резултатот од самиот старт на дуелот, поведоа со 4:1 потоа и со 9:4 и најавија дека се дојдени во Скопје по бодовите. На полувреме гостите имаа водство од 12:6.

Второто полувреме не донесе ништо ново, проблемите со реализацијата  на екипата на Ѓорче Петров продолжија, а нивната негатива достигна 11 гола. Сепак, во финишот успеаја да го ублажат поразот.

Најефиксна во поразената екипа беше Ангела Цветановска со осум погодоци, додека Александра Јованчева постигна пет. Тимот на Стружанка до победата го предводеше Радмила Јовичинац со девет гола, а петпати погоди Магдалена Делиоска.