СТРУГА 2023: Одлучувачки дуели за финале – Вардар против Гуиф, Алкалоид ќе го предизвика АЕК!

На третиот ден од 51. издание на традиционалниот Струшки турнир ќе бидат одиграни два натпревари, по еден од двете групи.

По денешните одиграни натпревари ќе биде познато кои две екипи ќе се борат за трофејот покрај езерото.

Со почеток од 18:30 часот ќе играат Вардар и Гуиф и меѓусебниот дуел меѓу „црвено-црние“ и шведскиот тим ќе одлучи која екипа ќе игра во финалето.

Македонскиот вицепрвак Алкалоид, кој на стартот го порази Динамо Панчево, ќе ги одмери силите со грчкиот шампион АЕК Атина.

Овој дуел ќе се одигра со почеток од 20:30 часот и ќе одлучи која од двете екипи ќе го осигура првото место во групата.

Она што е познато е дека Струга и Динамо Панчево ќе се борат за 5. позција на турнирот во Струга.

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!