СТРУГА 2023: Дали знаете кои мак екипи освен Вардар и Еурофарм Пелистер го освоиле Струшкиот турнир

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра турнирот. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри...

Ова лето на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе продолжи традицијата започната во 1973 година кога се одржал првиот Струшки турнир.

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе настапуваат екипите на Струга, Вардар, Алкалоид, АЕК Атина, Динамо Панчево и Гуиф.

Ланскиот освојувач, Еурофарм Пелистер, нема да се натпреварува на годинешното издание поради настапот на турнирот во Добој.

Низ историјата на турнирот, само пет македонски екипи го освојувале трофејот покрај езерото.

На првото место, со по 13 трофеи, се наоѓаат Вардар и Еурофарм Пелистер. На Струшкиот турнир, на трофеј се имаат израдувано и екипите на Металург, ТК Бренд и ВВ Тиквеш.

Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри…

Со нетрпение го очекуваме почетокот на турнирот, а дотогаш – читајте 24Ракомет…