СТРУГА 2023: ДАЛИ ЗНАЕТЕ кога Еурофарм Пелистер првпат играл и победил во Струга

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри...

Битолски Еурофарм Пелистер е еден од двата најтрофејни клубови што настапувале на турнирот во Струга, со 13 триумфи. Заедно со Вардар, тоа се двете најтрофејни екипи.

За разлика од Вардар кој доминирал од самиот почеток на турнирот и настапувал од 1973 година, првиот настап на битолчани во Струга е дури десет години подоцна. На 11. Издание на турнирот во Струга во 1983 година првпат настапува и екипата на Пелистер од Битола. Тие биле новиот сојузен прволигаш и во своите редови имале веќе познати ракометни имиња. Претходно од Битола на турнирот во Струга учествувала екипата на Пелагонија.

Турнирот се одржувал од 12 до 14 август, а учествувале “Железничар” од Ниш, потоа “Пелистер”- Битола (нов прволигаш), “Борац”-Урошевац, “Кристал”-Зајечар и домаќинот “Струга” – Струга. Пелистер победил пред Желeзничар, а потоа следувале Борац Урошевац, Струга и Кристал.

Во финалето Пелистер го победил Железничар со 29-26. За тимот на Пелистер во финалето настапиле: Јовановски, Станковски 4, Јусуфовски 10, Савевски, Здравковски, Маринковиќ 4, Фестиќ 3, Вулета 5, Крстевски, Јовичиќ 3, Стефановски, Манасков, Чурлевски, Кочовски.

Тоа е почетокот на владеењето на Пелистер на терените во Македонија, а потоа и влез меѓу најдобрите во тогашната СФРЈ.

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе играат шест екипи – три домашни (Струга, Вардар и македонскиот вицепрвак Алкалоид) и три странски (АЕК Атина, Динамо Панчево и Гуиф). Од сите осум учесници, само Вардар и АЕК Атина го освојувале трофејот покрај езерото.

Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри…

Со нетрпение го очекуваме почетокот на турнирот, а дотогаш – читајте 24Ракомет…