СТРУГА 2022: Целје – некогашниот европски првак со нови лица по нов трофеј на Струшкиот турнир

Во деновите што следуваат тимот на 24Ракомет ќе почне со одборјување до почетокот на јубилејното 50. издание, на најпознатиот македонски ракометен турнир што се одржува во Струга. Секојдневно преку различни текстови ќе ви ги претставиме сите екипи учесници, нивните очекувања, историјатот на турнирот, интересни детали за турнирот...Се гледаме во Струга!

Словенечкиот првак Целје по вторпат ќе биде дел од Струшкиот турнир, кој ова лето го има јубилејното 50.издание. Целје веќе еднаш славеше трофеј на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“, кога во 2018 година во финалето славеше против романската Констанца со 25-24.

Некогашниот репрезентативец на Србија, и екс ракометар на Вардар и Целје – Алем Тоскиќ од лани го води словенечкиот првак. Успеа да освои титула во Словенија, но тимот за следната сезона ќе биде уште повеќе подмладен и со нови лица од сопствената академија.

Поранешниот европски шампион од 2004 година, сега одново по една сезона пауза добива место во Лигата на шампионите. По заминувањето во пензија на Давид Разгор, единствен поискусен во тимот на Целје е десниот бек Жига Млакар, кој заедно со Алекс Влах се очекува да бидат лидерите на словенечкиот тим наредната сезона. Тука е и одличниот пивот Матиц Сухолежник.

Меѓу играчите што се очекува да блеснат е средниот бек Митја Јанц, кој се враќа од позајмицата во Марибор, како и голманот од Тунис кој дојде од Спортинг Лисабон, Јасин Белкаид. Тука е и младиот српски бек Вукашин Антонијевиќ, кој дојде од Металоластика. Од клубот заминаа Тилен Кодрин во Гумерсбах, Стефан Терзиќ, Вид Потеко во Гепинген и Радојица Чепиќ во Вецлар.

Средниот бек Алекс Влах очекува тешки и неизвесни натпревари.

„Добивме група со три македонски клубови и сигурно нема да ни биде лесно. Ќе треба да ја дигаме формата од натпревар во натпревар за што поподготвени да се соочиме со Вардар. Сигурно ќе гледаме добри и силни натпревари и тоа е најважно во оваа фаза на подготовките“, вели Влах.

клучни играчи: Митја Јанц, Жига Млакар, Алекс Влах

натпревари на Целје на турнирот во Струга
Бутел Скопје (16 август),
Алкалоид (17 август),
Вардар (18 август)

состав на Целје: Гал Маргуч, Жига Млакар, Филип Ракита, Стефан Жабиќ, Арсеније Драгашевиќ, Небојша Бојиќ, Тилен Стрмлјан, Митја Јанц, Вукашин Антонијевиќ, Гал Габершек, Алекс Влах, Анте Иванковиќ, Тадеј Мазеј, Тим Чокан, Матиц Сухолежник, Патрик Мартиновиќ, Амир Муховиќ, Јасин Белкаид, Домен Кнез

Повеќе детали за турнирот во Струга, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… можете да најдете во делот за СТРУГА 2022 на www.24rakomet.mk во главното мени на страната.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.