СТРУГА 2022: Поради дождот – мечот за петто место во сала, финалето на отворено со нов термин

Денеска е последниот ден на 50.јубилејното издание на Струшкиот турнир, во кој ќе се поделат трофеите.

Во финалето ќе играат Еурофарм Пелистер и словенечкиот Целје од 21:30 часот, додека во битката за третото место, Вардар ќе игра против Татран Прешов од 19:30 часот.

Овие два меча имаат променети термини и ќе започнат 15 минути подоцна од претходно најавеното, но останува да се играат на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.

Поради дождот во Струга, утринскиот натпревар за седмо место се играше во салата „Нико Нестор“, додека ист ќе биде случајот со двобојот за петто место меѓу Алкалоид и АЕК Атина, кој ќе започне од 17:00 часот.