СТРУГА 2022: Познато е кој ќе ја дели правдата на јубилејниот турнир

Во деновите што следуваат тимот на 24Ракомет ќе почне со одборјување до почетокот на јубилејното 50. издание, на најпознатиот македонски ракометен турнир што се одржува во Струга. Секојдневно преку различни текстови ќе ви ги претставиме сите екипи учесници, нивните очекувања, историјатот на турнирот, интересни детали за турнирот...Се гледаме во Струга!

Од 16 до 20 август на отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе се одржи јубилејното 50.издание на Струшкиот турнир.

За делење на правдата на дуелите што ќе играат осум екипи, пет македонски и три странски, ќе бидат задолжени четири македонски судиски двојки.

Станува збор за Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, Исмаил Металари и Ненад Николовски, како и за Виктор Андонов и Стојанче Јовановски, кои за првпат ќе бидат дел од турнирот.

Меѓу делегатите што ќе бидат задолжени за регуларноста на натпреварите ќе бидат Камер Металари, Славчо Каланоски, Душко Камишевски и Марјан Огњановски.

Повеќе детали за турнирот во Струга, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… можете да најдете во делот за СТРУГА 2022 на www.24rakomet.mk во главното мени на страната.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.

Јубилеј 50 години „Струга 2022“: Се за најдолговечниот и најуникатниот ракометен турнир