Струга 2022: Пешевски е МВП на турнирот, Лесјак најдобар голман – Талески најдобар стрелец

Пивотменот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски е избран за МВП играч на 50. јубилејно издание на турнирот во Струга. Новото засилување на битолчани покажа најконстантна форма на турнирот и заслужено го доби признанието. Три од четирите трофеи што се доделија ги добија битолчани.

Еурофарм Пелистер со 7-6 триумфираше во финалето против Целје, откако беше решено да не се доигра мечот бидејќи се лизгаше теренот.

Покрај Пешевски, со трофеј заминува и голманот Урбан Лесјак кој беше еден од позаслужните за триумфот на пенали на Еурофарм Пелистер против Целје. Тој имаше и добри серии на другите мечеви што ги играше претходните пет дена.

Со 24 постигнати гола најдобра стрелец е Филип Талески од Вардар. Во негово отсуство наградата ја прими тренерот Владо Недановски.

За македонскиот вицепрвак ова е рекордна 13. титула и се израмнија со Вардар кои досега беше најуспешен тим во Струга. Битолчани на 25 август се домаќини на Мешков во четвртфиналето на СЕХА, а овој трофеј секако ќе биде голем мотив.