СТРУГА 2022: Драмата меѓу Струга и Еурофарм Пелистер со среќен крај за битолчани

За некого можеби беше изненудување, но присутните во салата уживаа во играта на Струга која уште на стартот од турнирот покажа дека сезонава ќе атакува на висок пласман, а истото ќе следи и во домашното првенство. Струга загуби со 27-23 (13-12) од Еурофарм Пелистер, но отпорот на домашните ракометари беше скршен во последните десет минути од натпреварот. Домаќините покажаа квалитет, а на Еурофарм Пелистер му дадоа домашна задача што треба да менува во својата игра.

Наместо на отвореното игралиште, мечот се одигра во салата во „Нико Нестор“ бидејќи имаше најави за дожд, па организаторот не сакаше да ризикува. Дождот ја одмина Струга, а салата беше претесна да ги прими сите кои сакаа да го гледаат натпреварот.

Се до 47 минута Струга имаше активен резултат, водство или реми, а потоа за неколку минути Еурофарм Пелистер направи разлика од „плус 3“ за водство 22-19. Новиот тим на битолчани имаше доста проблеми да ги „намести нишаните“, да ја “збие одбраната“, ама најважно е што победија и остануваат во игра за финалето. Играта секако ќе е подобрува на следните натпревари.

Иако мирен натпревар во 53 минута имаше и неколку минутен прекин по мешаницата пре дголот на Еурофарм Пелистер, по што две исклучувања доби црвен картон доби Кукоски, а двете клупи по две минути исклучување.

Уште на самиот почеток од натпреварот Струга покажа дека нема да респектира фаворити, па ниту Еурофарм Пелистер. И тоа го покажа со водството од 9-6 во 20 минута. Гостите од Битола се мачеа да ја најдат најдобрата постава со која може да играат, а стружани не само одолеваа на одбраните туку и ги казнуиваа нивните грешки и промашувања.

СТРУГА 2022: Струга – Еурофарм Пелистер

Поискусните битолчани знаеја да ги искористат укажаните шанси и на полувреме да имаат минимално водство од 13-12. Еден од најзаслужните за тоа беше и голманот Дејан Рикановиќ кој имаше десет усшешни одбрани. Новите засилувања на стружани се покажаа како вистински потег, и со уште еден бек кој се најавува ќе бидат вистинско освежување во лигата.

Во следното коло Струга игра со АЕК, а Еурофарм Пелистер со Татран.