СТРУГА 2022: Домаќинот со победа го заврши турнирот за 7 место и радост на трибините во „Нико Нестор“

Бутел беше фаворит, ама Струга покажа дека сезонава ќе биде незгоден ривал за сите, и заслужено со победа, 26-24 со што домашните ракометари го освоија седмото место во конкуренција на 8 екипи.

Поради временската прогноза дека може да има дожд, средбата се одигра во салата „Нико Нестор“ и малкумина навивачи имаа можност да се радуваат на триумфот на домашните ракометари.

Двете екипи овој последен дуел од програмата на стеушкиот турнир го искористија да им дадат шанса на помладите ракометари. Уште од самиот почеток Бутел ја презема контролата над резултатот, во средината на првиот дел имаа “плус четири”, додека во 28. минута Бутел ги постави и највисоките шест голови предност.

До крајот на полувремето Струга преку прецизниот удар од линијата за седум метри на Бобан Блажески намали на 15-10 резултат со кој двете екипи заминаа на пауза.

По паузата Струга започна фокусирано, одбраната го поддигна нивото и до 43. минута ја анулираше предноста на противникот на 18-18. Ракометарите на Струга имаа неколку шанси за водство, а успеаа во 47. минута преку Бугариновиќ за 19-18. Минута подоцна Струга дојде до првото водство од два гола, 21-19, но Бутел бргу возврати и го испрати натпреварот во неизвесна завршница.

Во продолжение Струга не ги искористи своите шанси, Давитковски и Андревски го вратија ракометарите на Бутел на “плус два” 21-23.

Резултатската нишалка го направи интересен финишот на натпреварот, во кој Струга повторно имаше гол предност 25-24 на 80 секунди до крај. Давитковски командуваше со нападот на Бутел, избори седмерец но Рикановиќ го одбрани удар од седум метри.

Последните минути беа во знакот на Струга чии ракометари триумфално го завршија натпреварот.