СТРУГА 2022: Вардар – ланскиот освојувач доаѓа по одбрана на трофејот

Во деновите што следуваат тимот на 24Ракомет ќе почне со одборјување до почетокот на јубилејното 50. издание, на најпознатиот македонски ракометен турнир што се одржува во Струга. Секојдневно преку различни текстови ќе ви ги претставиме сите екипи учесници, нивните очекувања, историјатот на турнирот, интересни детали за турнирот...Се гледаме во Струга!

Тимот на Вардар е најтрофејниот на Струшкиот турнир со 13 титули досега, пред Еурофарм Пелистер, кој досега има 12 освоени трофеи на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женска плажа.

Со многу промени во споредбата со минатата сезона, вардарци ќе се обидат да го повторат минатогодишниот успех и да ја зголемат колекцијата на трофеи од традиционалниот турнир. На местото на Давид Дејвис седна неговиот асистент Владо Недановски, кој ќе го има првиот предизвик како прв тренер на некоја екипа.

Една од ѕвездите на Вардар, Тимур Дибиров замина во Загреб, но дојде македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, па отсуството на Русинот нема да биде проблем, со оглед на тоа што тука е и Јан Чувара. Заминаа пивотите Тото и Валчак, како и бековите Додиќ, браќата Њокас, Диало…

Вардарци се засилија со средниот бек Андреј Добрковиќ, како и со пивотите Стефан Атанасовски и Милан Лазаревски. Од странците остануваат и десниот бек Куни Моралес, како и Анте Гаџа и Дарко Ѓукиќ, па „црвено-црниот“ тим повторно ќе има респектабилен состав.

„Очекувам добри натпревари на Струшкиот турнир за подобро воигрување на екипата пред стартот на официјалните натпревари. Се уште не ги знам новите состави на ривалите, па не би можел да издвојам некој фаворит“, вели Недановски.

Левиот бек Филип Талески посакува нов трофеј покрај езерото.

„Вардар секогаш ги има истите очекувања и цели. Тоа се освојување на трофејот на Струшкиот турнир, кој оваа година има јубилеј и ќе биде од големо значење за секоја екипа“, вели Талески.

клучни играчи: Столе Стоилов, Филип Талески, Мартин Томовски

натпревари на Вардар на турнирот во Струга
Aлкалоид (16 август),
Бутел Скопје (17 август),
Целје (18 август)

состав на Вардар: Борко Ристовски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Куни Моралес, Гоце Георгиевски, Андреј Добрковиќ, Мартин Томовски, Мартин Карапалевски, Јан Чувара, Милан Лазаревски, Давид Савревски, Анте Гаџа, Филип Талески, Дарко Ѓукиќ, Стефан Атанасовски, Марио Стојановски, Александар Стојменов, Ален Ќосевски, Марко Мишевск, Васил Гогов.

Повеќе детали за турнирот во Струга, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… можете да најдете во делот за СТРУГА 2022 на www.24rakomet.mk во главното мени на страната.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.