СТРУГА 2020: Металург удри во битолскиот ѕид – „фармацевтите“ мирно ќе ја чекаат недела (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер славеше над Металург со 24-22 во натпревар што го одбележаа многу грешки на двете страни.

Уште од стартот на мечот избраниците на Жељко Бабиќ стигнаа до значителна предност, но и Металург имаше свои моменти, кои сепак не резултираа со комплетен.

Најмногу што направија ракометарите на Зоран Кастратовиќ беше тоа што дојдоа на минус еден, но неколку брзоплети напади и Еурофарм Пелистер се врати во повисоко водство.

Битолчани по овој триумф се многу блиску до пласман во финалниот натпревар на Струшкиот турнир. Утре Металург ќе игра со Прилеп, а Еурофарм Пелистер има слободен ден.

[soliloquy id=”137795″]