Струга остана без најефикасниот: Кузманоски се пресели во Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 доби засилување од Струга во младиот ракометар кој настапува на позицијата лево крило, Цветан Кузманоски.

Играчот кој минатото лето беше дел од репрезентацијата во ракомет на песок, а во последните сезони беше најефикасен играч на стружани сега се сели во Битола и ќе биде во обид за наметнување за место во првиот тим.

Кузманоски е играч кој веќе има солидно суперлигашко искуство зад себе, па во вториот тим на битолчани ќе има што да покаже. Се работи за голем талент, така што останува да се наметне и да се избори за што повеќе минутажа.