Струга донесе уште четири нови ракометари

По ангажманот на левиот бек Сенад Мекиќ, средниот бек Славиша Димитријески и десното крило Пеце Рајатоски, тимот на Струга пред крајот на преодниот рок донесе уште четворица нови ракометари.

Станува збор за ракометарите на прволигашот Алушовски – средниот бек Мартин Табаковски, десното крило Ненад Белистојаноски и пикерот Стефан Донев кои ќе бидат на двојна регистрација.

Од градскиот ривал Енхалон дојде левото крило Ѓорѓи Мангоски и ќе му прави друштво на Цветан Кузманоски на крилната позиција.

Струга ја очекуваат четири средби од регуларниот дел од Суперлигата, а првиот предизвик е тимот на Металург утре. Потоа стружани ќе играат уште десет кола во плеј-аутот и во битката за опстанок.