Струга ги комплетира крилните позиции – доаѓа Славе Јанковски

Левото крило од Астраион, Славе Јанковски, во новата сезона ќе настапува за екипата на Струга.

Младиот ракометар покажа одлични настапи изминатата сезона во Супер лигата, но неговиот поранешен клуб Астраион не обезбеди опстанок во најквалитетното натпреварување во Македонија.

Своите ракометни вештини, Јанковски ќе може повторно да ги покажува низ суперлигашките натпревари во новата сезона.

„За екипата на Струга се одлучив поради тоа што станува збор за клуб од ракометен град. Во оваа екипа може да се напредува и да се градиш како играч. Екипата има одлични услови и ние играчите ќе дадеме сѐ од себе во новата сезона да играме во плеј-офот“, изјави Јанковски за 24 Ракомет.

Новиот ракометар на Струга беше дел и од екипата на Вардар Јуниор. Во скопскиот тим, Јанковски одигра две сезони. Претходно, Струга го ангажираше и искусното десно крило од Охрид, Бобан Блажески.