Стојаноски замина од Струга, ќе има нов предизвик од следната сезона

Голманот Александар Стојаноски, кој во тимот на Струга мина две години, во новата сезона ќе има нов предизвик.

Тој нема да ја продолжи соработката со суперлигашот, а на негова адреса веќе стигнаа понуди од Прилеп, Младост Богданци и струмички Астраион.

Чуварот на мрежата има и две понуди од странство, па наскоро ќе биде познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Стојаноски порано ги бранеше головите на Борец, Младост Богданци и Струмица, пред да се замине во Охрид, а потоа и во Струга.