Стојановска рекордерски, броеше до 19 гола против Бор

Репрезентативката на Македонија која игра во редовите на Наиса одигра одличен натпревар во последното коло од првенството на Србија.

Симона Стојановска, самата постигна повеќе од пола од погодоците на тимот на Наиса, кој обезбеди победа со 36:28. Таа успеа да изброи рекордерски 19 погодоци така што покажува одлична форма што може само да радува пред новите репрезентативни предизвици.

Стојановска имаше осум погодоци од линијата од седум метри и 11 од игра со кои беше убедлов најефикасната на теренот и воедно и играч на натпреварот.

За разлика од неа, Ивана Гакидова на овој натпревар успеа да погоди четирипати. Инаку, Наиса е лидер во првенството на Србија со пет победи на пет средби.