Стојановиќ пред Тиквеш: Со поддршка од „Рибари“ да го направиме плеј-офот неизвесен до крајот

Денеска во рамките од плеј-офот во 18:00 во Суперлигата еден од најинтересните натпревари ќе го играат екипите на Тиквеш и Охрид, натпреварот е важен и за двете екипи затоа што двете екипи се надеваат борба за европските купови.

После првите три кола и двете екипи немаат победа, одиграа по едно реми. На позицијата ги дели само еден бод, Охрид е на шестата позиција со еден освоен бод, додека Тиквеш е место погоре со два бода на своето конто. До крајот на плеј-офот остануваат уште седум кола, а Охрид и Тиквеш ќе се обидат да дојдат до некоја од позициите кои водат во европските купови.

Стратегот на Охрид, Раде Стојановиќ верува дека добрата игра од натпреварите со Вардар и Еурофарм Пелистер ќе биде пренесена и во овој дуел.

„Очекувам еден интересен натпревар, двете екипи имаат по еден нерешен резултат во плеј-офот. Ние во овој момент сме во добра форма, прикажавме добра игра во првите три кола, како со Вардар, така и со Еурофарм Пелистер“.

Се додека Охрид има шанса ќе се надева, а за овој важен дуел на располагање ќе ги има сите играчи.

„Додека постои шанса ние ќе се бориме, а со евентуална наша победа ќе го направиме плеј-офот поинтересен и понеизвесен до самиот крај. Во овој момент сите играчи се здрави и ги имам на располагање“.

Како и на претходните натпревари и во овој натпревар очекува поддршка од „Рибарите“, но се да биде во рамките на спортското навивање.

„Очекуваме голема поддршка од „Рибари“ со едно квалитетно и спортско навивање како што беше случај и до сега, да не се навраќаме на тој натпревар во Кавадарци како бевме пречекани. Мислам дека од нашата навивачка група која не поддржува во сите натпревари се ќе биде најфер и најкоректно“, ни изјави Стојановиќ.

Во регуларниот дел од сезоната по една победа на свој терен запишаа и Тиквеш и Охрид. Тиквеш дома славеше со 25:23, додека Охрид во натпреварот во кој беше домаќин славеше со 29:24.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090