Стоилов: Правевме детски грешки!

Репрезентацијата на Македонија успешно го започна Европското првенство со победа на Украина од 26:25. Голот на Лазаров во последните моменти од мечот беше ослучувачки но сите ракометари се бореа максимално во текот на сите 60 минути.

Пикерот на екипата на Вадар и репрезентациата на Македонија Стојанче Стоилов имаше свој коментар после мечот во кој нагласи дека играата воопшто не била лоша туку проблем се промашените зицери.

„Добро игравме само промашивме многу зицери, да ги реализиравме тие детски грешки разликата ќе беше многу поголема. Украина беше цврст противник како што и очекувавме, играа 7 на 6 го очекувавме и тоа, незгодно е против таков напад да играте. Украинците се шутери не знаете кога ќе шутнат, ете на крајот им се отвори да се вратат во натпреварот каде што ние многу промашивме. Се надевам ќе се подготвиме добро за мечот против Чешка и ќе ги отстраниме грешките“, изјави Стоилов.

Следниот натпревар репрезентацијата на Македонија го игра во недела од 16 часот против селекцијата на Чешка која денеска беше поразена од домаќинот Австрија.