Стоилов играл повреден против Данска!

Македонската репрезентација утре патува на реваншот од квалификациите за ЕП против светскиот првак Данска.

Селекторот Кире Лазаров нема да смета на услугите на Стојанче Стоилов, кој има повреда на грбот и играл на свој ризик на првиот двобој со Данска.

„Со Столе денеска разговаравме. Тој беше неизвесен и вчера, но го познаваме дека е борец и самиот инсистираше. Му понудив поради неговото здравје да не игра вчера,но тој се стави на располагање на Македонија и затоа сум му благодарен. Одлучивме да го ослободиме бидејќи има проблеми со грбот. Се надевам дека брзо ќе заздрави и ќе се стави на располагање на Вардар и тренерот Алушовски, а ние имаме шанса да провериме уште еден пивот на кој сметаме, Михаил Аларов. Тој во овој период покажа квалитет и напредок и сериозно сметаме на него во следниот период“, вели Лазаров.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра в недела со почеток во 16:00 часот.