Стоилов: Двомечот го загубивме во Скопје, следната сезона ќе бидеме подобри

Вардар со реми, 31-31, кај унгарскиот Веспрем се збогува од Лигата на шампионите и ги заврши европските настапи оваа сезона.

Капитенот Стојанче Стоилов знае дека натпреварот во Скопје беше клучен за елиминацијата.

„Ова беше чуден натпревар. Многу разлика изгубивме во Скопје, но дојдовме да се бориме. Знаевме е дека ќе биде тешко да се победи во Веспрем, јасно е дека овој двомеч го загубивме во Скопје. Ова е лекција за нас и се надевам дека следната година ќе бидеме многу подобри.

За Вардар сега останува да се посвети на домашните обврски и битките за титулата во Суперлигата и во Купот на Македонија.