Стоилов: Видовме дека можеме и без Лазаров

Македонија покажа добра игра на првиот натпревар на првенството но загуби од Словенија со 25:27.

Пикерот Стојанче Стоилов после натперварот беше задоволен од изданието на овој натпервар и истакна дека недоволното исккуство на екипата можеби е клучно што Македонија остана без бодови од овој меч.

Честитки на Словенија за победата и добрата игра. Мислам дека тие не играа најдобро што можат денеска и мислам дека ние сме вивновни за тоа бидејќи бевме добро подготвени. Видовме дека можеме и без Лазаров на терен, бидејќи тој не играше ниту на пријателските натпревари. Нашето неискуство во одредени ситуации беше клучно, а исто така немавме среќа во некои ситуации за да стигнеме до бод. Честитки уште еднаш и верувам дека ќе играме добро и на следниот натпервар и ќе ги поправиме грешките“, рече Стоилов после мечот со Словенија.

Следниот натпревар на Македонија е против Црна Гора во сабота со почеток во 18:00 часот.