Стефан Крстевски останува во Бутел Скопје

Организаторот на играта, Стефан Крстевски, ја продолжи соработката со тимот на Бутел Скопје и во следната сезона одново ќе игра во клубот.

24-годишниот Крстевски минатата сезона се пресели во Бутел Скопје од Вардар и со игрите ја оправда довербата укажана од раководството.

Средниот бек потекнува од Преспа Ресен, каде што играше до 2014 година, потоа беше член на Вардар две сезони, настапуваше и за Вардар Јуниор до 2020.

Ресенчанецот една сезона играше и за Работнички, пред да се врати во Вардар, со кој играше и во Лигата на шампионите.

Претходно Бутел Скопје го донесе тренерот Горан Кузманоски, се засили со Александар Стојаноски, Лука Иваниќ, Дамјан Георгиев и Марко Стојанов, а договорите ги продолжија Димитар Ѓоргиевски, Кристијан Давитковски и Бојан Блажески.

За новата сезона во Суперлигата, Бутел Скопје се најде во групата Б заедно со Вардар, Еурофарм Пелистер, Пролет, Прилеп, Голден Арт, Мулти Есенс и Вардар Неготино.