Стефановски: Последен пат кога бев во клубот имавме долг од 40.000 евра и тројца младинци

Координаторот на младинската школа на Еурофарм Пелистер, Стефче Стефановски веќе почна со извршување на работните задачи во тимот така што веќе стартуваше неговата нова улога во екипата.

Тој во минатото имаше и други функции во екипата меѓу кои беше и тренерската задача, но беше и претседател, па во интервју за 24Ракомет се потсети на тие денови.

„Последниот пат кога бев претседател на клубот, тој ни беше оставен со тројца младинци и со долг од 40.000 евра за една година. Успеавме да се вратиме и стигнавме до 3. место и до пласман во Купот на ЕХФ. Ги познавам проблемите со европскиот ракомет и условите. Од последните сознанија кои ги имам се дека преговорите да се земе салата и да се реновира се во поодмината фаза. Во каков обем не навлегувам и не знам. Пандемијата ја успори целата акција, а натпреварите кога тогаш мора да продолжат. Имам разговори за уште една сала во Битола која би ја зел спонзорот за да ја реновира од корен со паркет и сè што е потребно и би служела за младинските категории и за првиот тим за тренинзи.  Сепак, ова е работа на претседателот и тој знае на колку години би било тоа и под какви услови условите, но дека има сериозни размислувања и дека разговорите се во поодмината фаза тоа е факт“,вели Стефановски во интервју за 24 Ракомет.

Комплетното интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.