Стеинс во полн трк го сруши Винцек – подебелиот крај го извлече „зебрата“ (ВИДЕО)

Еден од најдобрите дефанзивци, Патри Винцек, го чека пауза од ракометните терени по повредата на дуелот со ПСЖ.

На стартот на вториот дел од пресметката со францускиот тим во Лигата на шампионите, Лук Стеинс налета на Винцек и падна на неговата нога.

Последица од тоа е скршеница на фибулата на Винцек, а тоа значи пауза од најмалку еден месец.

Тој нема да биде на располагање на Филип Јиха за реваншот против ПСЖ, како и за завршните битки во Бундес лигата и во Купот, а под знак прашалник ќе биде и настапот на Олимписките игри во Токио.