Стариот уште „неспакуван“, Русите го промовираат новиот тренер на Вардар

Веселин Вујовиќ го заврши својот трет мандат на клупата на Вардар, а раководството на „црвено-црните“ веќе е во потрага по нов стратег.

Рускиот „Брз Центар“ пишува дека Шпанецот Давид Дејвис е најсериозен кандидат за жешката тренерска клупа во македонскиот шампион и дека од јануари би се преселил во Скопје.

45-годиишниот стратег последните три сезони го водеше унгарскиот вицепрвак Веспрем, од каде што замина годинава.

Од 2014 година до 2018 година, Дејвис веќе беше дел од „црвено-црното“ семејство, и би се вратил во позната средина.

Според информации на 24Ракомет претседателот на Вардар и Дејвис веќе имале првичен контакт, и тој е еден од повеќемина потенцијални кандидати за жешкото столче на Вардар.

За конкретен договор се уште немало преговори и се очекува тие да започнат кон средина на наредната недела кога би требало да се знае името на новиот тренер.

Вујовиќ: Не сум повеќе тренер на Вардар!