Српски репрезентативец со трансфер од соништата, ќе игра во Германија!

Довчерашниот член на Динамо Панчево, Данило Радовиќ, направи трансфер од соништата и од следната сезона ќе настапува Германија.

23-годишниот ракометар во Втората Бундес лига ќе го има вториот интернационален предизвик, откако со раководството на Минден се договори на двегодишна соработка.

Радовиќ, кој може да игра на левата и средната бековска позиција, во сезона 2020/21 го носеше дресот на Спачва Винковци од Хрватска.

Новиот интернационалец од Србија во последните две години тропа на вратите на сениорската репрезентација.

На Европското првенство 2022, кое се одржуваше во Унгарија и Словачка, доби шанса на неколку дуели и дадената минутажа максимално ја искористи.

Минден во минатата сезона не успеа да обезбеди опстанок во Првата Бундес лига и во сезона 2023/24 ќе игра во понизк ранг на натпреварување.