Србија и се придружи на Македонија, ќе игра на следното ЕП

Женската кадетска репрезентација на Србија е последниот учесник на кадетското и младинското Европско првенство што ќе се игра во 2023 година.

Србинките на новото натпреварување на ЕХФ, кое впрочем е квалификациски турнир меѓу најслабите од претходното ЕП и второпласираните од ЕХФ шампионатите, го освоија првото место.

По двете високи победи над Словачка и Словенија, избраничките на Зоран Барбуловиќ го совладаа Исланд, кој исто така имаше двее победи, со 31-20 во натпревар кој го судеше македонската двојка Методија и Михајло Илиевски. Предводничка на Србинките беше Наташа Четковиќ со седум гола.

Србија и се придружи на Македонија како и на уште 14 други селекции – Унгарија, Германија, Русија, Данска, Хрватска, Норвешка, Романија, Црна Гора, Швајцарија, Португалија, Франција, Шведска, Чешка и Холандија, кои ќе играат на кадетското и младинското женско ЕП во 2023 година.

Македонија стигна до пласман на континенталниот собир преку освојувањето на златниот медал на ЕХФ шампионатот во Литванија.