ЕП 2020: Србија ги објави позитивните, четири ракометарки се во изолација

Првиот проблем со позитивни ракометарки на Ковид 19 се случи на вториот ден на Европското првенство во Данска, а позитивните случаи се во составот на Србија. Две ракометарки добија лоши вести, па заедно со нивните цимерки се веќе во изолација.

Поради ова средбата меѓу Србија и Холандија која требаше да се игра денеска од 20:30 часот е одложена за утревечер во истиот термин.

„После доаѓањето во Данска на аеродромот беше направено ПЦР тестирање и сите ракометарки и членови на стручниот штаб освен Кристина Граовац беа негативни. Според прописите на ЕХФ инфицираната ракометарка заедно со најблискиот контакт (Јована Милојевиќ) беше ставена во изоалција во друг хотел предвиден за таа намена. При второто тестирање позитивна беше и Марија Агбаба, па и таа заедно со цимерката Јелена Агбаба е во изолација“, велат од Ракометниот сојуз на Србија.

Според правилата утре ќе има ново тестирање на ракометарките на Србија, па ќе биде познато што ќе се случи со натпреварот.

Инаку, после позитивен тест за да може некој да биде вратен во составот мора да има два негативни теста.