Србите уште се мислат, да играат или да ја завршат сезоната?

Додека добар дел од земјите низ Европа одлучија да стават крај на првенствата поради пандемијата со коронавирусот во Србија уште немаат решено како ќе ја финишираат сезоната.

Како што стојат работите во моментов сè води кон тоа да се почека крај на вонредната состојба, a дури потоа ќе се одлучи каков ќе биде крајот на сезоната. Има повеќеточки во кои ќе мора да се најде заеднички јазик меѓу сите клубови кои се однесуваат околу поништувањето на сите лиги и Купот на Србија, учеството во регионалните натпреварувања и во европските купови,какои прашањето за евентуалното проширување на лигите и статусот на официјалните лица.

Поголемиот дел од вкупно 14 клуба е согласен со предлозите, но екипите на Металопластика и Војводина кои играа во СЕХА и требаше да се приклучат во домашното првенство, како и Партизан не се согласуваат со тоада биде ставен крај и бараат да не се брза со одлуката.

Оттаму останува уште извесен период да се почека до одлуката за крајот на сезоната во Србија.