Србите не можат без скандал: Селекторот му прати СМС на помошникот и го отпушти

Во репрезентацијата на Србија се чини не може да помине еден голем шампионат без избие некаков скандал. Овој пат во центарот на вниманието е случувањето во стручниот штаб каде што дојде до промени.

Помошникот на Ненад Перуничиќ излезе во јавноста со коментари за тоа како бил отпуштен, а отказот го добил преку СМС порака.

„Точно е, добив СМС порака во која Перуничиќ ме извести дека не сум веќе негов помошник. Да бидам искрен, не очекував вакво нешто пред Европското првенство. Го повика бидејќи сакав да го прашам да се направи видео материјал од двете средби на нашата репрезентација во Австрија и да го поделиме на играчите да ја анализираат играта. После три часа добив порака: Не можеме понатаму. Не гледаме исто на работите“, вели Недељко Јовановиќ, кој до денеска беше помошник на селекторот Ненад Перуничиќ.

Инаку, Јовановиќ за maxbetsport.rs вели и дека Перуничиќ со него секогаш комуницирал преку СМС пораки и никогаш не му се јавувал на телефон.