Србин ќе го менува српскиот селектор Херона во Шарт

Актуелниот селектор на машката сениорска репрезентација на Србија, Тони Херона по завршувањето на оваа сезона ќе си замине од францускиот суперлигаш Шарт.

Двете страни се одлучија секој да продолжи по свој пат, па така Шарт во следната сезона ќе биде предводен од нов тренер.

Станува збор за Небојша Стојиновиќ, кој во Шарт моментално работи како тренер на голманите.

Раководството на Шарт и Стојиновиќ се договорија на соработка, со важност до 2025 година.

Стојиновиќ во перидот од 2018 до 2020 години беше дел и од стручниот штаб во машката сениорска репрезентација на Србија, која тогаш беше предводена од Ненад Перуничиќ.

Новиот наследник на Херона во текот на својата играчка кариера речиси 15 години бранеше во Франција и го чуваше голот на Шамбери, Истр, Монпелје и Дижон.

Шарт за следната сезона го ангажираше повремениот репрезентативец на Србија, голманот Милан Бомаштар, додека клубот освен тренерот Херона, ќе го напушти и голманот Џулиен Мајер.