СП младинци: Победија со 50 гола разлика и ја исфрлија Словенија, нокаут од Фарски Острови за Шпанија!

Денеска се одиграа натпреварите од третото коло од групната фаза на Светското првенство за младинци во Германија, па познати се екипите што продолжуваат во главната рунда и оние што ќе разигруваат за пласман.

Најголемото изненадување го приреди Бахреин, кој вчера во клучниот меч одигра реми со Словенија, а денеска го победи со 50 разлика Гренланд, и по поразот на Словенија од Шведска со подобра гол разлика го освои второто место и оди во главната рунда.

Франција се извлече и во директен дуел ја елиминира Полска, па заедно со Хрватска оди во главната рунда.

Србите загубија во битката за прво место од Исланд и ќе мораат по потежок пат да бркаат четвртфинале, додека селекцијата на Фарски Острови уште еднаш покажа дека нема шега со нив и ја надигра Шпанија за прво место во група и само чекор ги дели од историски успех.

Единствени неевропски селекции во најдобрите 16 се Египет, Бразил, Тунис и Бахреин.

Светско првенство, младинци, 3 коло, резултати:

група А
Хрватска – САД 48-23
Франција – Полска 37-33

група Б
Тунис – Либија 31-22
Алжир – Германија 22-33

група Ц
Кувајт – Костарика 41-28
Португалија – Бразил 27-19

група Д
Јапонија – Ангола 33-32
Шпанија – Фарски Острови 31-34

група Е
Аргентина – Норвешка 31-32
Унгарија – Данска 33-28

група Ф
Бахреин – Гренланд 63-13
Шведска – Словенија 38-25

група Г
Чиле – Мароко 18-24
Србија – Исланд 29-32

група Х
Куба – Саудиска Арабија 27-28
Египет – Грција 36-30