СП кадетки: „Фенерот“ за Алжир, Норвежанките се деветти на Мундијалот

Во трите скопски сали се одиграа осум натпревари, односно првата половина од денешната програма на Мундијалот за кадетки во Скопје.

Тоа беа осум натпревари за пласман. Во битката за 31 место, Уругвај славеше против Алжир со 29-26.

Во дуелот за 29 место на СП, Гвинеја беше подобра во дебитанскиот двобој со Индија со десет гола, 38-28, додека Казахстан заврши на 27 место по триумфот над Сенегал со 37-24.

На 25 позиција на Мундијалот заврши Аргентина по победата над Словачка со 26-24, а во битката за 23 место, Австрија славеше против Узбекистан со 36-27.

21 место на СП е Швајцарија, која триумфираше против Чешка со 31-23, а Норвешка го освои 9 место откако убедливо славеше против Германија со 32-24.