Спречен тежок инцидент во Унгарија – ќе се тепаа тренерите на ФТЦ и Ѓер! (ВИДЕО)

Екипата на ФТЦ Будимпешта на свој терен убедливо го совлада Ѓер, со резултат 29:24, во дерби натпреварот од 22. коло во унгарскиот шампионат. Ривалството меѓу двата најголеми конкуренти за титулата во Унгарија беше проследено со убави потези, атракции, но и со големи искри на теренот меѓу тренерите на двете екипи.

Инцидентот меѓу двајцата тренери, Габор Елек (ФТЦ) и Мартин Амброш (Ѓер), кои претходно заедно ја водеа унгарската женска репрезентација, се случи во првото полувреме, односно при резултат од 14:11 за домаќинките.

Елек и Мартин влегоа во вербална расправија, која на моменти наликуваше дека ќе се претвори во физичка пресметка, но за среќа беше избегнат поголем инцидент. Во последната секунда Вероника Кристијансен од Ѓер доби црвен картон по прегледување на снимката, поради обид за спречување на удар од девет метри на домаќинот. Така ФТЦ доби пенал и го реализираше за триумф 29-24.

Победничката екипа беше предводена од Ангела Малештајн и Емили Белк, кои постигнаа по седум погодоци. Во екипата на Ѓер се истакнаа Вероника Кристијансен и Стине Офтедал со по пет гола.

Сега битката за титулата се разгори во унгарското првенство и на крајот се чини ќе решава гол разликата. Ѓер по 24 меча има 46 бода и гол разлика 289, додека ФТЦ по 21 меч има 40 бода и гол разлика 202. До крајот се очекува двете екипи да ги победуваат своите ривали, но и вака Ѓер е во голема предност, иако има три натпревари повеќе од конкурентот.