Спектакуларен пречек за ракометарите на Нексе во Нашице (ВИДЕО)

Ракометарите на Нексе од Нашице беа едно од најголемото изненадување во Лига на Европа откако обезбедија пласман на Ф4 турнирот во Лисабон.

Иако, избраниците на Бранко Тамше не успеаја да направат чекор повеќе и да обезбедат 1 или 3 место, сепак, најголемите фанови на хрватскиот вицешампион приредија спектакуларен пречек во центарот на Нашице.

На денот на Република Хрватска (30 април), на кој традиционално се организираат низа манифестации, главно во вечерните часови, ракометарите на Нексе на плоштадот во Нашице, на кој имаше организирано свечена манифестација за денот на Хрватска, беа пречекани од своите навивачи и љубители на спортот, кои со факели и огномет направија вистински спектакл.

Играчите на Нексе, членовите на управниот одбор на клубот, како и главниот стратег, Бранко Тамше, имаа свое обраќање пред присутните.