Спартак и Гевгелија ги поделија бодовите

Ракометарките на Спартак на домашен терен беа изненадени од Гевегелија која стигна до важен бод на ова гостување. Во натпревар од 5. коло во женската лига Спартак и Гевгелија одиграа 23:23.

Натпреварот беше израмнет и неизвесен од почеток до крај и во ниту еден момент не се навестуваше која екипа ќе излезе како победник од овој дуел. Гевгелија отвори со 3:0, но многу брзо домашната екипа се врати кога израмни на 4:4. До крај на полувремето Гевгелија го одржуваше минималното водсто и по 30 минути имаше предност 13:12.

Вториот дел помина слично како и првиот, ниту една екипа не се одлепи на посигурна предност. Спартак поведе, но повторно имаше смена во водството и гостите во финишот влегоа со мала предност. Сепак гол предност во завршницата не беше доволно за победа на Гевгелија и на крајот екипите ги поделија бодовите.

Најефикасна во екипата на Спартак беше Мартина Стефановска со осум гола, а пет постигна Маја Китановска. За составот на Гевгелија по шест гола постигнаа Митревска, Петковска и Митрова.

СПАРТАК – ГЕВГЕЛИЈА 23:23 (12:13)

Сала: ОУ Круме Кепески во Скопје. Гледачи: 20.  Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Васе Зипевски од Гостивар.

СПАРТАК: Филиповска, Неделковска, Андонова 4, Китановска 5, Костадиновска 4, Георгиевска, Самарџиска, Стефановска 8, Величковска, Димитрова , Лазаровска, Кузмановска, Кимовска, Кимовска, Мартиновска 1, Домазетовска.

Седмерци: 5/7. Исклучувања: 8 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Каранфилвска, Басова, Мандалова 2, Пецевска 2, Митревска 6, Митрова 1, Горковска, Попова, Петковска, Митрова, Ибрахимович.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 4 мин.