Со Вардар ја освои ЛШ, сега ја заврши кариерата на 29 години

Русинот кој беше член на шампионската генерација на Вардар која за првпат го освои трофејот во Лигата на шампионите во 2017 година, Александар Деревен неочекувано објави крај на својата кариера.

На само 29 години, Деревен кој во моментов е дел од ЦСКА Москва одлучи да престане со играње ракомет, а главна причина за ваквата негова одлука е големиот број на повреди. Одлуката беше соопштена пред натпрeварот од Купот на Русија против Виктор.

Русинот долго имаше проблеми со коленото кое повторно заради влошување на состојбата мораше да го оперира во септември 2020 година. Очигледно повредата е посериозна што го натера да преземе ваков чекор.

Во неговата кариера Деревен има настапувано за Чеховски Медведи, Вардар и ЦСКА Москва како и за репрезентацијата на Русија. Најголем успех секако му е освојувањето на европската титула со Вардар во Лигата на шампионите во 2017 година.