Соиграч на Лазаров собра над 100.000 евра на аукција за медицинските работници

Голманот на Нант, кој е соиграч на Кире Лазаров, Сирил Думолан успеа да собере дури 114.000 евра од продажбата на спортски предмети и реквизити на добротворната аукција како поддршка за медицинските работници кои се во битка со коронавирусот.

Според информациите кои се познати дресот на Клеопатра Дарле бил продаден за сума од 850 евра. Дресот кој го носеше Бертранд Жил за 800, а на поранешната ракометарка на Вардар, Александар Лакрабер за 760 евра.

Аукцијата не е завршена и трае и понатаму, а има уште интересни предмети кои можат да се најдат на страницата на Думолан.

Со досегашните средства тој веќе направи огромна донација, а сигурно ќе може да донира уште повеќе.