Соиграч на Лазаров доживеа сериозна повреда на тренинг!

Португалскиот репрезентативец и лев бек на Нант, Александре Кавалканти доживеа повреда која ќе го оддалечи подолг период од терените. Соиграчот на Кире Лазаров го повреди стапалото на првиот тренинг од подготовките за новата сезона.

Португалецот се здобил со скршеница на левото стапало, а неопходна била и операција која поминала добро. Кавалканти ќе отсуствува од терените неколку месеци. Левиот бек би требало да се опорави од повредата до декември и да се врати во екипата.

Ова е втор пат Кавалканти да отсуствува подолго заради повреда откако минатата сезона која беше негова прва во Нант исто така имаше скршеница на стапало, но тогаш беше на десната нога.