Словенецот промовиран – Скубе три години во Келце!

Словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе од следното лето ќе ги брани боите на полскиот шампион Келце.

Тој потпиша договор на три сезони со тимот предводен од Талант Душебаев, а доаѓањето на Скубе, многу веројатно значи и заминување на Игор Карачиќ, бидејќи на истата позиција игра и исландскиот среден бек Хаукар Трастарсон.

Скубе во моментов е член на Мешков Брест, каде што е еден од најдобрите ракометари и стрелци.

31-годишниот среден бек потекнува од Тримо, играше за Горење, ПИК Сегед и Вардар пред да замине во Мешков Брест.

„Среќен сум што потпишав за амбициозен тим каков што е Келце. Одлуката беше многу лесна. Секој што го прашав за Келце, ми кажа само убави работи. Се надевам дека ќе му помогнам на клубот да освојува титули во Полска и во Лигата на шампионите“, вели Скубе.