Скопје и Кузманоски на турнеја во Романија

Тимот на Скопје ќе има силни проверки пред стартот на новата сезона во суперлигашката конкуренција.

На 15 август, ракометарите на Скопје патуваат за Романија, каде што ќе бидат одиграни две пријателски средби со составот на Одорхеи.

Натпреварите со некогашниот тим на сегашниот тренер на Скопје, Горан Кузманоски, ќе се играат на 16 и 17 август.

Потоа тимот заминува за Темишвар каде ќе биде дел од силен турнир. Покрај домаќинот Политехника Темишвар, ќе играат српскиот тим Металопластика Шабац и романската Потаиса Турда.

По враќањето во Македонија, Скопје и Кузманоски ги очекува настапот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, каде ќе ги имаат последните проверки пред стартот на Суперлигата.

Скопје ќе игра во групата Б заедно со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт и Јуниор Кисела Вода.