Скапо го платија откажаниот настап на СП – Чешките селектори добија отказ!

Јан Филип и Даниел Кубеш доцна ноќеска се разрешени од функцијата селектори на репрезентацијата на Чешка. Оваа одлука доаѓа како последица на потресот што го зафати чешкиот ракомет откако Чешка го откажа настапот на СП во Египет.

Репрезентацијата на Чешка на ден пред почетокот го откажа настапот на СП 2021 поради короната и отвори простор во Египет како прва резерва да отпатува Македонија. Но, овој за нас поволен развој на настаните, во Чешка предизвика бурни рекации и тектонски промени во чешкиот ракомет.

Освен што се разрешени слеекторите Кубеш и Филип, поради откажаниот настап на СП во Египет, оставка поднесе и претседателот на Чешката ракометна федерација (ЧСХ), Јарослав Чвални. На полноќешниот состанок на Извршниот одбор на ЧСХ, од функцијата е разрешен и директорот на репрезентацијата на Чешка, Даниел Чурда.

Чесите не отпатуваа во Египет поради масовно ширење на корона-вирусот меѓу играчите и тренерите. Но, јавноста и дел од ракометните структури не беа задоволни од ваквата одлука и побараа одговорност.

Јан Филип и Даниел Кубеш беа на чело на чешката репрезентација од 2014 година, а лани добија продолжување на договорот за уште три години. Поранешните чешки репрезентативци ја предводеа репрезентацијата на Чешка како рамноправен двоец на клупата. Под нивно водство, Чесите стигнаа до најголемиот успех во последнаат деценија, шестото место на ЕП 2018 во Хрватска. Минималната победа против Македонија во Вараждин беше едно од скалилата што ја однесе Чешка во четвртфинале.

Пласманот на СП 2021 во Катар, за Чешка беше прв по шестгодишна пауза од последниот настап на СП 2015 во Катар и требаше да биде врв во кариерата на селекторскиот двоец Кубеш/Филип, но короната смени се.