Сите Руси од Вардар на скратениот список на Кокшаров

Ракометарите кои се дел од екипата на Вардар, а се и дел од репрезентацијата на Русија се најдоа и на скратениот список на селекторот Едуард Кокшаров.

Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Сергеј Горбок, Павел Атман, Глеб Калараш и Сергеј Горпишин се меѓу 22 ракометари кои ќе конкурираат за тимот на Русија на шампионатот во Австрија, Шведска и Норвешка.

Со оглед на тоа дека сезонава повеќето играа во добра форма може да се очекува и сите да бидат дел од ЕП, но останува да се види каква ќе биде одлуката на Кокшаров.