Сите репрезентации од екс-ју просторите ќе играат на ЕП!

Исто како што беше и на претходното Европско првенство во 2022 година во Унгарија и Австрија, и на она ЕП во 2020 година, сите земји од некогашните простори на Југославија ќе играат на ЕП 2024 година.

Словенија го освои првото место во групата во конкуренција на Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои исто така обезбедија место на континенталниот собир.

Србија беше втора во групата со Норвешка, Словачка и Финска, додека Хрватите кикснаа и го освоија второто место во конкуренција на Холандија, Грција и Белгија.

Македонија играше со Португалија, Турција и Луксембург и со четири победи го обезбеди местото на ЕП во Германија.

Ждрепката за групната фаза на ЕП е на 10 мај во 17:45 часот.