„Сите очи се вперени кон нас, нè гледа цела Европа“

Единствена земја во која се игра ракомет во овие моменти кога светот се бори со коронавирусот е Белорусија.

Шпанскиот тренер Раул Алонсо на белорускиот првак Мешков Брест не е среќен што се играат натпреварите без навивачи.

„Цела Европа нè гледа нас, бидејќи ние сме единствени што играат во овој момент. Секако, да се играат натпревари без гледачи, иако се пренесуваат на ТВ, е ново искуство за мене. Но не го сакам тоа, атмосферата и интензитетот на натпреварот се изгубени. На крајот, ние играме за фановите. Сепак тоа е логична одлука, со оглед на ситуацијата во светот“, вели Алонсо за рускиот „Брз Центар“.

Мешков Брест оваа сезона беше елиминиран од Лигата на шампионите, додека во СЕХА лигата обезбедија место на завршниот турнир.