Сите зборуваат за него: Никола Митревски е главен фраер во ракометна Европа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски имаше блескава партија и во мечот на неделата во 4. коло од Лигата на шампионите, му донесе победа на Порто од 25:19 (15:10) против Пик Сегед.

Митревски со 15 интервенции буквално им наби комплекс на ракометарите на ПИК Сегед, со оглед на тоа дека половина од одбраните беа зицери.

Македонскиот чувар на мрежата е во центарот на вниманието на ракометна Европа и денеска сите медиуми што третираат ракомет го имаат во ударните вести.

Погледнете ги одбраните на Никуч…